Средношколците бараат средства за хигиена во училиштата

Сите ни зборуваат дека многу болести доаѓаат преку нечистите раце, а никој не се загрижил за тоа што немаме сапун во училиштата во кои поминуваме и по осум часови во денот. Ова е реакција на средношколците кои преку Сојузот на средношколци започнаа кампања на социјалните мрежи наречена #немасапун или #skasapun објавувајќи фотографии од десетици училишни тоалети ширум земјава кои се во ужасна состојба.

Нечисти подови, искршени мијалници, валкани ѕидови, искршени или откорнати диспензери за течен сапун, е само дел од она што може да се види на фотографиите кои се објавуваат на Фејсбук и на Твитер.


Бленди Ходаи, претседателот на Сојузот на средношколци за „Мета.мк“ вели дека сите препораки на институциите се редовно да се одржува лична хигиена, а во пракса, истите институции не обезбедуваат најосновни средства за лична хигиена.

– Препораките се дека треба да се чуваме од корона вирус, од грип и од други инфекции, со тоа што редовно ќе миеме раце. А како да миеме раце кога тоалетите се ужасни? Поентата е со оваа кампања да добиеме фотографии од што повеќе училишта во земјава, да ја видат сите реалната состојба – дека навистина нема сапуни. Ќе ги собереме сите фотографии и ќе ги објавуваме на социјалните мрежи, за да ја подигнеме свеста кај училишните раководства, локалните власти, Министерството, дека не може, на пример, учениците во Средно медицинско да учат за хигиена, а во исто време во тоалетот да немаат сапун да се измијат – вели Ходаи.

Dajana Lazarevska@DiDailyLady

превенција на инфективни заболувања ? промовираме вакцинација ?? #holdmybeer #немасапун !! @ фармацевтски факултет#skasapun #YJN #YJNTweets43:06 PM – Feb 17, 2020Twitter Ads info and privacySee Dajana Lazarevska’s other Tweets


Средношколците неретко и самите ги оштетуваат или уништуваат мијалниците, чешмите и диспензерите за сапун. Ходаи вели дека тоа е вистина, но она што недостасува за да се спречи ова се едукативни работилници што треба да ги организираат директорите, на кои ќе се зголемува свеста за чување на она што е заедничко и имот на училиштето, а им служи на сите.

– Јас учам во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. И овде немаме сапун во тоалетите, има искршени мијалници. За ова треба некој да се погрижи, не смее да продолжи вака – додава Бленди.

Оваа кампања произлегла од проект на „Демокраси лаб“. Како што објаснува извршниот директор, Сефер Селими, ова е дел од проектот Young journalists network, во кој се обучуваат млади новинари.

– Во рамките на тој проект, освен обуките со меѓународни и локални експерти, учесниците имаат и обврска практично да работат. Една од нив е да напишат различни текстови и да направат различни истражувачки стории. Како дел од тие стории, е актуелниот проблем со корона вирусот, а со тоа и нужноста за подигање на свеста од опасноста генерално од вирусите. Така, има кампања за подигнување на свеста кај институциите дека вирусот или заразите можат да се спречат со одржување на хигиената, а во практика всушност се покажува дека немаме најобични услови за одржување на хигиената. Сега кампањата со фотографиите од тоалетите во училиштата е независна од нашиот проект – појаснува Селими.

shefkije alasani@ShefkijeA

😢

Studentët e Mjekësisë, Stomatologjisë, Farmacisë, Infermierisë dhe Fizioterapisë në #UT shfrytëzojnë vetëm nga një WC në secilin kat ku mbahen ligjeratat. Sapuni mundet të shikohet vetëm në ëndërr #немасапун #skasapun #nosoap #YJNetwork #YjnTweet

View image on Twitter

48:16 PM – Feb 19, 2020Twitter Ads info and privacySee shefkije alasani’s other Tweets

Фотографиите од тоалетите без сапун се објавуваат со хаштаг #skasapun и #немасапун. Кампањата, како што објаснуваат во Сојузот на средношколци, ќе трае во следниве три недели, а потоа ќе им се достават на надлежните од кои се очекува да ја променат ваквата состојба на терен.

Пред извесно време, „Мета.мк објави дека во училиштата, посебно во основните, родителите се тие кои ги купуваат сите потребни средства за хигиена за нивните деца додека се на училиште. На прашањето, зошто родителите да купуваат тоалетна хартија, наместо градоначалниците, Велимир Смилевски, првиот човек на општина Бутел, одговори дека не се работи за тоа дека општината нема пари да купува, туку дека едноставно, средствата за хигиена се крадат.

– Не купуваме тоалетна хартија затоа што ја крадат. Ако видат дека ја има, се маваат со неа. Дополнително, се случува да паѓа на подот, па и од хигиенски причини нема хартија во училиштните тоалети. Ние како општина купуваме сапун и средства за одржување на хигиената во училиштето. Но, за влажни марамчиња, антибактериски гелови, бришачи и слични средства – тоа е желба на родителите, тие самите тоа го набавуваат, никој не им наложува – изјави Смилевски.

Translate »