Новогодишна кампања на Телеком: „Времето лета. Направете место за вистинско поврзување“

Новогодишните празници ги собираат луѓето на едно место, но самото собирање не секогаш значи дека сме вистински присутни еден за друг. Во свет што брзо се движи и е преполн со работи што ни го одвлекуваат фокусот, времето и вниманието можат да бидат меѓу највредните подароци што ги даваме. Новогодишната кампања на Телеком, „Времето лета. Направете место за вистинско поврзување“, ја става токму таа идеја во центарот преку приказната за еден дедо и неговата внука. Нивната приказна нè потсетува дека еден миг внимание може повторно да нè доближи до луѓето што се покрај нас.

Приказната почнува на Божиќ, кога дедото е опкружен со семејството, но мислите му се насочени кон неговата покојна сопруга и сите празници што ги поминале заедно. Неговата внука Лили забележува дека мислите му се на друго место. Со детска непосредност и разиграност, таа го вовлекува во момент што ќе биде само нивен. Светот околу нив се менува и се претвора во авантура што наликува на сон и во која се чини дека времето застанува. Лили му помага на својот дедо да се поврзе со луѓето што се тука сега и со љубовта што сè уште го опкружува. Емотивната сила на приказната лежи токму во таа мала, но значајна промена: присутноста не може да ја избрише загубата, но поврзаноста може да ни помогне да се чувствуваме помалку осамени.

Поврзувањето е во центарот на мисијата на Телеком. За новогодишните празници, оваа мисија добива особено значење, бидејќи дури и кога сме заедно, брзото темпо на животот може да нè спречи навистина да бидеме присутни едни за други.
Оваа приказна се надоврзува на празничниот наратив на Телеком за надминување на тишината и различностите и го насочува фокусот на луѓето што се покрај нас.

https://youtube.com/watch?v=U6IdccFSSFU%3Ffeature%3Doembed

Кампањата се спроведува на сите десет Дојче Телеком европски пазари: Македонија, Словачка, Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Црна Гора и Полска.
Визуелниот свет на филмот и визуелниот идентитет на кампањата се создадени со употреба на генеративна вештачка интелигенција, во соработка со режисерот Лео Каноне и студиото за генеративна вештачка интелигенција New Forest.

Новогодишна понуда за корисниците

Во духот на новогодишните празници, Телеком подготви посебна понуда за корисниците, којашто се состои од:

-Netflix Basic без месечен надомест во период од 12 месеци, преку Magenta Moments во апликацијата Telekom MK

-Гигабитни брзини без месечен надомест во период од 12 месеци 

-Изнајмување на сите ТВ филмови по цена од 29 денари

-Празничен буџет за набавка на уреди со подароци по празнични цени

Празничната понуда трае до 20.1.2027 година.

Дополнително, секој ден до Нова година, корисниците добиваат вредни подароци и попусти преку програмата Magenta Moments.

Повеќе информации на: www.telekom.mk

Translate »