Протест пред владата за заштита на животната средина
Неколку десетици граѓани ги поддржаа активистите за заштита на животната средина од Југоисточниот Регион и протестираа денеска пред зградата на Владата, за да го искажат својот став дека се против отворањето рудници.
– Се бориме за да ја зачуваме нашата животна околина, да обезбедиме сигурна и здрава природа за нашите деца и поколенија. Да се обидеме да дадеме апел до властите, кои и да бидат, кога и да бидат, да не ги туркаат работите под тепих и насила. Парите не секогаш се единственото нешто за кое ние треба да се бориме – изјави активистот Зоран Велковски.
На забелешката на новинарите дека на протестот има мал број луѓе, организаторите велат дека тие се собрале за да дадат солидарна поддршка, а главниот протест се случува во Валандово.
– Ова прашање е еднакво важно за сите, бидејќи се дише истиот воздух и се јадат земјоделските производи од истата почва – рече Жана Живадиновиќ.
Доколку власта не ги послуша граѓаните и не да ја запре изградбата на рудниците, организаторите најавија омасовување на протестите.
Meta.mk