Преку кревет до слава, тоа е Холивуд

 

Во Холивуд улогите се добиваат преку кревет, ова е стара приказна, а се друго е лицемерие.

Еве ја сторијата на Скај Њуз за сексуалните предатори и нивните жртви во Холивуд

 

Скандалот со Харви Вајнстан е стар колку и Холивуд. Тој не е единствениот филмски могул кој  ги уценувал актерките со секс за да добијат улога. Многу познати ѕвезди,  јавно и приватно, раскажувале за своите искуства со  “креветските аудиции” преку кои напредувале во кариерата.

Мерлон Монро е прва која за Холивуд рекла дека е “преполн бордел”. Во биографијата на Ентони Самер “Божица- Тајниот живот на Мерлин Монро”, писателот ја цитира актерката која еднаш рекла  – Голем дел од мојата кариера сум ја поминала клечејќи на колена.

Кога ја запрашале дали се станува ѕвезда преку кревет, Монро одговорила – Тоа , секако , помага. Но, за да станеш ѕвезда потребно е многу, многу  повеќе. Повеќето  актерки ја добиваат својата прва шанса токму на тој начин. А тие мажи со кои спијат се навистина ужасни и заслужуваат да бидат искористени.

Мерлин Монро

Пред Монро, и детската ѕвезда Ширли Темпл обвини еден продуцент на “МГМ” дека ги откопчал панталоните и си го извадил на нивниот прв состанок во 1940, кога имала само 12 години. Истиот продуцент бил надалеку прочуен по своите “групни аудиции”.

Ширли Темпл

Џоан Колинс тврди дека била прв избор на кастингот за филмот “Клеопатра” (1963) , но не ја добила улогата бидејќи одбила да спие со продуцентот. – Ме однесе во својата канцеларија и мe праша  дали навистина ја сакам улогата. Навистина ја  сакам, реков.  Е  тогаш , треба да бидеш ”фина”со мене, ми одговори тој.  Го одбив и така се збогував со “Клеопатра”, завршува Колинс.

Џоан Колинс

Меган Фокс, ѕвездата на блокбастерот “ Трансформери”  раскажува за своите филмски почетоци – Жалосно, некои од тие луѓе  се вистински холивудски легенди. Бев толку среќна што имам можност да ги запознаам и да зборувам со нив, но се покажа дека тие не беа заинтересирани за рaзговор туку за нешто сосема друго!

Меган Фокс

Шарлиз Терон го сподели своето искуство за една таква аудиција кога имала само 19 години.

– Кастинг директорот ме викна во сабота  во својот дом на аудиција .  Ми беше чудно , но отидов.  Ме пречека во пижами во стилот на Хју Хефнер и  со вино во рака, раскажува Терон. Си поканил погрешна девојка, му реков и со заминав!

Шарлиз Терон

Кори Фелдман , поранешна тинејџерска ѕвезда, јавно проговори  за педофилијата во Холивуд. -Тоа е проблем број еден во филмската индустрија, тоа е најголемата холивудска тајна,  тврди Фелдман.

Кори Фелдман

 

Translate »