Русинка директно до Путин: Мислиш дека може да се живее со 157 евра плата?
Рускиот претседател Владимир Путин поради неговата голема плата, а нејзините мали примања, бил критикуван од една сиромашна жителка на неговиот роден град Санкт Петербург.
Таа жена која тврди дека е инвалид и дека има церебрален едем, го прашала шефот на Кремљ по една свеченост во поранешната руска царска престолнина, како е можно да се живее во Русија со месечни примања од 10.800 рубљи, или околу 157 евра, колку што има таа.
“Мислам дека тоа е многу тешко”, признал Путин чија месечна плата по официјалните информации е повисока од 11.215 евра.
“Животниот минимум” на примањата во Русија е официјални 11.300 рубљи, или 164 евра за Санкт Петербург.
“Вашата плата веројатно достигнува 800.000 рубљи”, му рекла жената на Путин испрашувајќи го за цените за кирија, секојдневните потреби, цените на намирниците, и алудирајќи дека шефот на државата всушност не знае како живеат луѓето, посебно сиромашните.
“Претседателот нема највисока плата во земјата”, возвратил Путин и додал дека државата прави се што може, а и најавил мерки за зголемување на социјални давачки и подобрување на животниот стандард на граѓаните.