Страшно невреме го погоди албанското крајбрежје: Џиновските бранови носеле сè пред себе! Полицијата спасувала туристи “заробени“ во лагуната
Во страшното невреме кое го погоди целото албанско крајбрежје, двајца луѓе го загубиле животот, а крајбрежната стража спасила 14 луѓе.
Невремето предизвикало големи бранови поради кои двајца луѓе загинале. Брановите во градот Драч погодиле скутер на кој се наоѓало момче (33) и во тој момент се здобило со тешки повреди, бил однесен во болница, но неговиот живот завршил.
Во Драч настрадала и жена (50) која ја извадиле од водата, но починала веднаш кога ја однеле во болница.
Албанската
полиција спасила 14 луѓе, вклучувајќи и 9 чешки туристи кои биле
блокирани во лагуната Вилун и укажана им била помош на лице место.
Останатите пет луѓе биле префрлени во локалните болници и не се во животна опасност.
Исто така биле спасени и двајца луѓе од кои едното било дете.
Албанската полиција ги предупреди туристите да бидат внимателни, а поради немирното море морскиот сообраќај е забранет.