Градините и продуктивноста!

Како да создадете подобар имиџ на својата компанија и да привлечете нови клиенти?! Ова се дел од прашањата кои си ги поставува секој сопственик на бизнис, како и генерален менаџер. Одговорот не е едноставен, напротив е многу комплексен и детерминиран од различни фактори. Еден од нив е и просторот пред компанијата. Средениот двор продуцира и привлекува добри енергии.

Јапонските експерти за човечки односи дошле до заклучок дека токму условите за работа, хармоничноста како и личниот однос кон вработените се двата клучни фактори, луѓето да бидат мотивирани и да го даваат својот максимум. Не случајно во поголемите јапонски компании постојат мали градини, каде вработените имаат допир со природата, додека хармонично уреденото зеленило делува на нивно опуштање, подобрување на концентрацијата и поголемо задоволство, а истото се однесува и на клиентите.

Ви предлагаме да го посетите градинарскиот центар „Фоја“, кој се наоѓа бул. „Борис Трајковски“ бр. 152 А (поранешна „Првомајска“), место каде можете да добиете најдобри совети, и да изберете од големиот избор на декоративни садници кои се по пристапни цени. Информации може да се добијат на телефон: 2 772 046, преку маил адресата fojako@yahoo.com или преку фејсбук страната https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja

Translate »