Спировски: Да ја заборавиме Ерменија, да покажеме карактер во Лихтенштајн

Македонскиот репрезентативци по првиот одработен ден од подготовките пред новиот натпревар во Лигата на нациите против Лихтенштајн, потенцираат дека е научена лекцијата од Ерменија.

Силна е вербата во триумф против Лихтенштајн во петок (16. ноември) во Вадуц, со кој повторно ќе се врати позитивната атмосфера и на последниот дуел против Гибралтар во Скопје само ќе се потврди првото место во групата и пласманот во бараж дуелите за пласман на Европското првенство.

„Ја оставаме Ерменија зад нас. Натпреварот со Лихтенштајн сега е е ново докажување за нас. Треба да покажеме карактер и да победиме во Вадуц. Лихтенштајн е важен и за враќање на позитивните резултати, имаме многу мотиви да се покажеме во најдобро светло и да го потврдиме првото место во групата. Се надевам дека ќе успееме во тоа, мал притисок постои, но сето тоа е добро за да бидеме сконцентрирани на подготовките, а посебно на мечот во Вадуц“вели фудбалерот од средниот ред на унгарскиот Ференцварош, Стефан Спировски.

Македонија вечерва од 18:30 часот ја очекува вториот тренинг во швајцарски Фусисберг. Утре ќе се одработи последниот тренинг во Швајцарија, а во четврток националниот тим се сели во Вадуц. Дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн во Вадуц се игра во петок (16. ноември) со почеток од 20:45 часот.

Translate »