Подгответе се за -10 степени – еве од кога
Уште денес и утре останува натпросечно топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, анализира метеорологот Славчо Поповски.
Веќе од утре ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер со што ќе започне спуштање на студен воздух од север, исто така поради ветерот ќе има и прочистување на атмосферата и воздухот.
Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност додека услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините ќе има во петок.
Особено значително опаѓање на температурите на воздухот ќе има од петок како и за време на викендот кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен додека на високите места и на планините истите ќе се спуштат дури и до околу -10 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.