Пописот во 2020 година без прашања за етничка и за верска припадност

Пописот нема да го спроведуваат луѓе од администрацијата туку локални жители кои ќе имаат познавање од компјутери и кои ќе поминат посебни обуки.

Ќе се попишува населението кое е во Македонија, како и странците кои се со подолг престој од една година во земјава, но ќе се врши попис и на отсутно население, кое е надвор од земјава повеќе од една година.

До крајот на годинава се очекува нацрт верзијата на Законот за попис да помине на Влада, а идната година Собранието да го донесе Законот.

Пилот проектот на пописот ќе се спроведе во Гостивар, Зелениково, Кисела Вода и во Свети Николе и ќе чини 3,5 милиони евра, а пописот во 2020 ќе чини 5 милиони Планирано е пописот да го спроведат 5.000 попишувачи на 8 јазици, а по двајца попишувачи ќе има во мешаните средини

Планирано е пописот да го спроведат 5.000 попишувачи на 8 јазици, а по двајца попишувачи ќе има во мешаните средини.

Translate »