Фрчковски: Независно што можеби Андов одлепил, се решив да го тужам

Во дебатниот магазин на ТВ21, професорот Љубомир Фрчковски објаснуваше дека сепак се одлучил да поднесе тужба против Стојaн Андов за неговата книга, а на прашање дали ја прочитал книгата, тој вели дека не ја прочитал цела.

-Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Не зависно што тој е стар господин и можеби тотално одлепил комплетно со меморијата или има други амбиции – вели Фрчкоски.

Но што го налути  Фрчковски на ваков потег или што напиша Андов. Во книгата „Пред атентатот и по него“ Андов пренесува разговор со поранешниот претседател Киро Глигоров.

Стојане, вчера имав неочекуван состанок. Во вилата ми дојдоа Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Благоја Ханџиски, Фрчкоски и Јане Миноски. Тие мои гости зборуваа мирно како да се договараа со мене да одиме на плажа, а всушност побараа од мене да си дадам оставкa. Не ги разбирам овие луѓе Стојане, ако нè тргнат нас двајцата и останат сами на власта, сосема е јасно како ќе владеат….

Андов открива дека имале несогласувања со експремиерот Бранко Црвенковски, но особено со тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски. Глигоров сметал дека Андов е човекот што треба да го наследи на функцијата претседател на државата, но Андов сметал дека тогашниот претседател избрзал со споменување на неговото име.

Му реков доста остро на Киро дека избрзал изговорајќи го моето име. Си помислив, тој добро знае дека ја компликувал ситуацијата и во концепцијата на тие луѓе сега ќе се јави потреба како и мене, покрај Киро, да ме отстранат од политиката. Тие очигледно беа решени оваа група, која ја контролира државата, да го отстрани секој глас што може да има влијание во јавнсота. Двајцата се надевавме дека таа залетаност на групата ќе престане. И сите да ги решаваме пробелмите на земјата…, стои во книгата која вечерва доби најмногу внимание.

Андов пишува и за атентатот врз Глигоров кога отишол да го посети претседателот во болница. По посетата на Глигоров, Андов, како што пишува во книгата, заминал во својот кабинет, каде што го повикал Црвенковски. Тој пристигнал тогашниот со министерот за здравство Илија Филипче, министерот за правда Владо Поповски и уште двајца други, но меѓу нив не бил и министерот Фрчкоски.

Ми привлече внимание тоа што за време на нашиот разговор ми се јави Слободан Милошевиќ. Стојане, што се случува со Глигоров таму кај вас? Му кажав дека Глигоров е жртва на големо злосторство, но првите оценки на нашите лекари се дека ќе може да се спаси. Ме праша дали може да помогне… Ми падна во очи што на оваа наша средба не е министерот за внтарешни работи Фрчкоски. Го прашав Бранко каде е Фрчкоски? Тој ми рече дека не знае точно каде е, но некој му кажал дека министерот заминал накај Крива Паланка. Невозможна и многу сомнителна работа, пишува Андов.

На промоцијата на книгата во ноември 2018 година говореа и академик Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, амбасадорот Љупчо Арсовски, како и надворешнополитичкиот коментатор Љубомир Гајдов. рале да го смени Фрчкоски од министерското место.

Експресно реагираше Фрчкоски во колумна насловена Шушумига :

Не ми е јасно, драги мои, навистина и покрај сериозен напор во согледба на човечките падови, кризи на возраста и на потсвесните еготрипови – да разберам како успеваат старите политичари пишувајќи мемоари да направат будали од себе?
Стојан посветил книга и пол на мојата дребност, еднаш како разнебитување на „моите обиди“ (??) насловена„Обидите на Љубомир Фрчкоски“ а потоа попат, но отровно во томот за атентатот на Глигоров и по него.

Ако имав скрупули и обѕири да не ги коментирам или сведочам одлепените тези од „Мемоарите на Глигоров“ за куферчето (земајќи предвид дека Стариот имал селективна меморија или шмелцувал и преспојувал различни настани еден преку друг за настан за кој има на голем број сведоци за и околу „куферчето“ кои може да бидат повикани да дадат сведочење и да ја разнебитат таа „меморија“, а земајќи предвид дека меморите се пишувани од неговите соработници, но највеќе и пред се поради мојата историја со Глигоров и респект кон него) такви скрупули не ме држат да ја оценам улогата на Стојана Андов за поновата македонска историја и неговите shitty „сеќавања“ приопштени во кобасичните мемоарски записи.

Стојан Андов е политичар од видот кој татко ми го нарекуваше ШУШУМИГА! Тип на личност кој во политиката е изразит опортунист, кој нема своја интегрална позиција ниту интегритет, туку се снаоѓа, маневрира и ги игра позициите на моќ во овој случај на левицата и центарот на политичкиот спектар во Македонија од независноста, реплицираше експресно Фрчковски.

Translate »