Хан пристигна во Скопје со извештајот на Европската Комисија
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утринава во Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев. Тој во Скопје доаѓа откако во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија е нотирано дека политичката криза е завршена, а нашата земја без никакви дополнителни услови доби препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија.
Во рамките на официјалната посета комесарот Хан и делегацијата на ЕУ ќе се сретнат со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владина делегација во Клубот на пратеници на заеднички работен појадок и официјална средба.
По завршувањето на средбата Заев-Хан ќе има и обраќање пред медиумите.
Во текот на денот ќе пристигне и високата преставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могорени која исто така ќе се сретне со македонскиот премиер Заев и со останатиот политички врв на Република Македонија.