Паметни алатки што ќе ги трансформираат бизнисите
Новитe возбудливи технологии го трансформираат светот, го брануваат деловното опкружување, но истовремено и ја подобруваат човековата благосостојба.
Во нашиот личен и деловен живот, технолошкиот напредок е речиси насекаде.
Флексибилното работно време, полека го заменува канцелариското работење од 9 до 5 часот, на големо задоволство на сите благодарение на технологијата којашто овозможува мобилност и достапност во секое време.
Денес во текот на работното време, може да бидете во канцеларија, дома, во кафуле или на друго јавно место и тоа воопшто да не претставува проблем работата да тече според планот, доколку сте корисник на вистинските паметни алатки за работа.
Доколку сте корисник на некои од решенијата за мрежно канцелариско работење, имате можност да ги користите вашиот професионален e-mail, работни фајлови и Office програми, каде и да сте, од секој уред.
Организираните компании, кои имаат голем број на вработени на далечина или вработени чии работни обрвски предвидуваат многу чести службени патувања, веќе со години ги користат овие предности.
Ваквите софтверски решенија овозможуваат брза и лесна соработка помеѓу тимовите, поголема транспарентност во проектите и полесно следење на текот на работата. Можноста да се работи истовремено на заеднички споделен документ е нешто што корисниците го истакнуваат како особена предност. Секогаш кога некој од корисниците додал или променил нешто во некој споделен документ, целиот тим има можност за увид. Ова засекогаш го елиминира бесконечното трагање по фолдерите на колегите, залудното дешифрирање на различно именуваните документи и копии од истите документи.
Еден од предизвиците со кои се соочува секоја компанија е сигурен простор за складирање на документите и податоците. Паметните алатки за дигитализирано деловно работење овозможуваат флексибилност, ефикасност, транспаретност и што е од најважно од се, безбедност на податоците.
Вашите маилови се скенираат од најдобри безбедносни решенија, пред вие да ја добиете пораката во вашето сандаче, а со отворање на прикачен документ од маил не инсталирате несакан фајл или вирус, што може да му наштети на вашиот компјутер и информациите кои ги поседувате.
Доколку пак ја загубите електронската платежна картичка, или вашиот мобилен уред е изгубен или украден, постои можност веднаш да ги заштитите информациите на компанијата со блокирање на пристапноста до алатката на тој уред.
Едно од софтверските решенија кои нудат мобилност на вработениите, лесна достапност до корпоративната средина и документи, сигурност на корпорациските информации е Office 365 пакетот на алатки и услуги.
Едноставно, целиот свет орбитира околу паметните решенија кои ни ги нудат револуционерните трендови на технологијата и секој од нас тежнее да ги адаптира во своето секојдневие.
Милениумците, но и генерацијата Зет, уште популарно наречени пост-милениумци, оние деца што ги гледате како се справуваат со интернетот уште пред да научат да држат пенкало, допрва влегуваат на пазарот на труд и нивните животни навики и очекувања за деловниот свет се трасирани од технолошките напредоци.
Компаниите што ги прифаќаат и применуваат трендовите што ги носат новите технологиите, ќе бидат во предност во поглед на своите комуникациски канали и ќе бидат попосакувани работодавачи.
Паметното и одговорно деловно работење едноставно ја прави компанијата посигурна, поконкурентна и стабилна на пазарот.