Синот на Мијалков повикан на распит
Јорадан Мијалков, син на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, Ален Зекиров, поранешен телохранител на Мијалков и Блаже Петровски, утре треба да се појават во полициската станица Кисела Вода, на покана на Обвинителството за организиран криминал, на информативен разговор, дознава „Фокус“ од извори вклучени во истрагата.
Според порталот Мијалков, Зекиров и Петровски се повикани на распит за случувањата на крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието што се случи на 27 април годинава.
По упадот во Собранието, на социјалните мрежи се споделуваште фотографија, со коментар дека во првата група демонстранти кои влегоа во Собранието бил и синот на Мијалко