Есента е одлично време за промени!

Разговор со најпопуларната фризерка во Струмица Тања Поповска од студио ФС Нарцис

 

 

  1. Струмичанките важат за едни од најубавите жени во Македонија. Која е нивната тајна?

 

Струмичанки изгледаат  убаво во секоја прилика, а тајната е во талентираните фризери и шминкери кои во Струмица ги има многу. Секако и поради нивната желба да изгледаат убаво. Негата и убавината е нешто што се пренесува со генерации, и тоа е веќе дел од нашата традиција. Во Струмица се слави животот, се живее со полни гради. И токму поради тоа и понатаму ќе биде креативен  центар на источна Македонија.

 

  1. Колку правилната нега на косата влијае на женската самодоверба?

 

Наша стара изрека вели вака: Во главата и во нозете ако не си среден, што и да облечеш џабе ти е!

Ако правилно не се негува косата таа не изгледа добро. Затоа барем еднаш месечно треба да се посетува фризер кој ќе даде професионален совет. Искуството на фризерите е непроценливо.

  1. Со кои козметички препарати најчесто работите?

 

Со словенечката професионална козметика „RED CAT“ која нуди палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите. Во моето 13 годишно искусутво за првпат се пронаоѓам во линија за коса што може да ги задоволи моите потреби, како и на моите клиенти, кои се презадоволни од резултатот.

  1. Колку време посветувате на вашата доедукација, и колку е таа важна?

 

Во денешно време да бидеш фризер не е лесна работа. Чуда се прават со косата.Токму затоа секое слободно време го користам за доедукација, пред се благодарејќи на интернетот и достапноста на многу едукативни едиториали од светот. Се трудам барем еднаш неделно да посетам семинар, на кој може да се слушне, види нешто ново и поразлично.

 

  1. Дали оваа есен постои некој тренд кој е поактуелен?

 

Есен како есен не прави малку депресивни, и тоа е одлично време во годината за промена. Оваа есен во тренд е боб фризурата до рамења, но нешто најново е нијансирањето, посебно за оние похрабрите кои сакаат екстремни бои овозможени од Red Cat Shining color.

Translate »