Келнер што ќе ви го направи денот поубав
Во нашите кафеани и кафулиња келнерите едвај работат, а ако ти се насмеат ептен треба да им го погодиш денот. Но навистина е изненадување љубезноста и брзината на едно момче во кафулето “Броз” на “Партизанска” во Скопје.
Насмеан и срдечен, не расположи со муабетот. Додека ни помагаше какво кафе да одбереме цело време заразно се насмевнуваше. Во Македонија многу млади деца работотат како келнери, многу од нив и студираат.
Ја знам работата, веќе и клинетите знам кој што ќе пие и кој што ќе јаде низ смеа раскажува Натаниел и додава ,, Со желба го работам ова. Ни откри дека келнерите зарботуваат од 500 -700 денари дневно.
Навистина ми е ќеф кога муштериите се задоволни објаснува Натаниел, а на прашањето дали размислувал да работи во странство тој вели:
Кој сака да работи може да заработи и овде вели тој .
И така драги наши читатели љубезноста на ова момче стана главна вест .