Мотициклист загина од гром

loading...

Еден мотоциклист загина кога во него удрил гром на автопат во близина на Солун, соопштија вчера грчките власти.

Полицијата наведе дека 58-годишен маж е пронајден мртов на околу 40 километри источно од Солун, со дупка на кацигата, која веројатно настанала од удар на гром.

За сега не се објавени детали за изгорениците на телото на настраданиот, но грчките власти наведуваат дека се уверени оти смртта на мотоциклистот не е резултат на пад.

Мотоциклистот возел кон Солун во услови на големо невреме.

Translate »