Зоран Заев – ова е голем, историски ден за сите граѓани
Премиерот Зоран Заев вели дека ова е голем, историски ден за сите граѓани.
Додава дека денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде.
„Обезбедивме трајна стабилност за нашата земја, сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи. Нека ни е честито, да бидеме горди“, напиша премеирот Зоран Заев по потпишувањето на протоколот за членство на земјава во НАТО од страна на 29-те земји членки.
Честитки имаше од повеќе земји од регионот. Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јохнес Хан го поздрави потпишувањето на Протоколот за членстово на Македонија во НАТО.