Оливер Спасовски: постојат сомневања дека повеќе луѓе вработени во МВР, но и на други места, му биле логистика на Груевски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 1 рече дека бегството на Никола Груевски покажало слабости на системот.
Вели дека постојат сомневања и индиции за повеќе луѓе вработени во МВР, но и на други места, дека му биле логистика на Груевски.
-Соопштението од ОЈО го видов и тоа не исклучува кривична одговорност. Таксативно се набројани мерките кои се преземени. Нормално дека на крајот на истрагата ќе знаеме кој помогнал. Секако дека постојат инцидии за повеќе луѓе не само во МВР, туку и надвор кои биле логистика. Тоа истрагата треба да го докаже. Убеден сум дека тој процес ќе заврши и ќе дознаеме кој помогнал. Имаме сомневање на повеќе лица, тоа го работиме заедно со ОЈО, рече Спасовски.