Натали доби ќерка
Екс лото девојката и своевремено еден од нашите најуспешни модели, Наталија Грубовиќ, денес доби ќерка.
Таа се породила во Скопје, во клиничката болница Аџибадем Систина, и се чувствувала добро. Веста за приновата ја потврди нејзината сестра, Др. Радица Грубовиќ Растворцева.
,,Денес во пладневните часови Натали се породи по природен пат во клиничката болница Аџибадем Систина. Ја породи нашиот братучед Др. Слободан Дракулевски. И мајката и бебето се добро, се помина во најдобар ред, а за името на малата се уште се размислува’’ – изјави таа.
Ова е прво дете на убавицата, која лани стапи во брак со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац.
Тогаш изјави дека со сопругот ќе живеат во Србија.
И покрај тоа што подолг период е отсутна од малите екрани, Натали ќе остане запаметена како една од најубавите и најпопуларни лото и бинго девојки,