Хју Хефнер ,,плејбојот,, кој пронајде многу убавици меѓу кои и Мерлин Монро
Основачот и сопственик на славното списание “Playboy”, Хју Хефнер, почина на 91. година во Лос Анџелес.
Роден е во 1926. година во Чикаго, а во далечната 1953. година, со само 600 долари, Хју Хефнер го основал списанието “Playboy”, кое во текот на децениите прераснало во мулти-милионска индустрија.
Хефнер во животот бил окружен од голем број убавици, кои живееле во неговата луксузна вила, а од кои многумина станале и светски познати.
Славните зајачици му донеле и слава на Хју, кој важел за голем заводник кој организирал оргии на своите познати забави.
Најпознати зајачици се Џејн Мејнсфилд, Шенон Твид, Џени МекКарти, Памела Андерсон, Ен Никол Смит, Мерилин Монро…
Како што соопштила PR службата на списанието, овој медиумски магнат и милионер починал од природна смрт во својот дом окружен со семејството, пренесува AP.
Со основањето на “Playboy” во 1953. година, Хефнер изградил бренд кој ја дефинирал сексуалната култура во втората половина на 20. век.
“Животот е прекраток за да се живее туѓ сон”, е една од неговите најпознати изјави.