“Тајната на убавината се крие во природата! Таа е неисцрпен извор за еден уметник”-Дејан Мачуков

Не вреди да се бараaт материјалните богатства во животот, додека не се откријат тие од природата! Боите и звуците во природата сe неисцрпно богатство кои се воедно и инспирација за младиот и талентиран ликовен уметник  од Гевгелија Дејан Мачуков. Тие будат креативна енергија, поттикнуваат разговор, не смируваат, и пред се не мотивираат непрекинато да создаваме. Во природата се наоѓа и топлината, и тоа не онаа буквална во физичка смисла на зборот, туку онаа топлина која претставува нешто свето, духовно односно како посебен дар од природата.

https://www.instagram.com/machukov.d/

Во еден момент преку бојата го откривам нејзиниот јазик, како нежното шепотење на бистрите реки и различните испреплетени песни на птиците, а од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои поминуваат преку мене додека сум присутен и сум како дел од неа, вечно да ги заробам на моето платно да станат сведоци на моето постоење, вели Дејан.

Тој е апстрактен-експресионистички сликар кој моментално работи на неговата серија насловена ,,Топлина”. Oваа тема има за цел да се презентира едно истражување на нашите сетила односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата без разлика на тоа како изгледаат во реалноста. Целото наше знаење започнува со сетилата, потоа продолжува до разбирање и завршува со разум. Не постои ништо поголемо од разумот. 

 Дејан Мачуков е роден 23.07.1994 во Скопје, Моментално живее и работи како професор по ликовна уметност во средно училиште во Богданци, Македонија. 2017 година дипломира на факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред.проф. Благоја Маневски. Има учевстувано на многубројни групни студенски изложби и остварено неколку самостојни изложби во Македонија. 

Translate »