Науката докажа:Луѓето што си личат имаат многу повеќе заеднички работи
ДНК-анализите на 16 пара открија дека луѓе што не се роднини, а личат еден на друг, имаат и слична висина, тежина, навики и однесување.
Во истражувањето 3 различни алгоритми за препознавање лица добиле задача да доделат поени за сличност на 32 пара; половина од нив биле класифицирани како двојници од сите 3 алгоритми. Истражувачите потоа спровеле генетски анализи и пронашле 9 пара со ултра сличности.
Заедно, овие супердвојници споделуваат 19.277 заеднички генетски варијации во 3.730 гени, од кои многу се поврзани со цртите на лицето и телото. Нивните прашалници посочуваат дека споделуваат повеќе од тоа.
Некои карактеристики на животниот стил, навиките за пушење, тежината и нивото на образование, исто така, беа поврзани со многу парови што си личат.
Иако големината на примерокот е мала, авторите велат дека резултатите се неверојатни.
– Овие наоди не само што даваат индиции за генетската поставеност поврзана со нашиот фацијален аспект, и веројатно други особини на нашето тело и личност, туку исто така нагласуваат колку од она што сме и она што нѐ дефинира е навистина наследено или е стекнато во текот на нашиот живот – пишуваат авторите.
Моќта на одгледувањето и природата не се одделуваат лесно и додека студиите за близнаци се популарна форма на истражување на полето на генетиката, двојниците се неистражена територија.
Од генетските анализи беше откриено дека двојниците споделуваат слични генетски состави, иако паровите не биле во роднинска врска.
Сепак, учесниците се разликуваа во тоа како нивниот живот влијаел врз нивниот геном.
Фото: François Brunelle
Микробиомот на секоја личност е под силно влијание на факторите на околината, како исхраната, вежбањето и пушењето.
Ова значи дека светот на бактерискиот живот во нашите црева доста се разликува од поединец до поединец, дури и кај оние што имаат слична генетика.
Оваа студија се надоврзува на минатите истражувања кои покажуваат дека структурата на човечкото лице, особено носот, е извајана од одредени делови на ДНК.
Тоа не значи дека двојниците се одамна изгубени близнаци или нешто слично. Ниту еден од учесниците во тековната студија не ги наследил своите гени од истите предци.
Нивните генетски сличности претставуваат посебна подгрупа на човечка сличност што еден ден може да се искористи за да се предвиди како поединецот би можел да расте и да старее.
– Обезбедивме уникатен увид во молекуларните карактеристики кои потенцијално влијаат врз градбата на човечкото лице – вели биомедицинскиот научник Манел Естелер од Истражувачкиот институт за леукемија „Џосеп Карерас“ во Барселона, Шпанија.
– Сугерираме дека истите тие детерминанти се во корелација и со физичките и со бихевиоралните атрибути што ги сочинуваат човечките суштества – додаваат тие.
Фото: François Brunelle