Фотографии од директорскиот кабинет на Гинекологија,мебелот бил платен 20 000 евра
Фотографии од луксузниот кабинет на директорката на скопската Клиника за Гинекологија, што беше опремен пред четири години од страна на поранешната директорка Марија Хаџи-Лега.
За време на нејзиното „владеење“, клиниката ја следеа низа скандали, меѓу кои беше и опремувањето на нејзиниот директорски кабинет со мебел од италијанската фирма „Каза Италија“, во вредност од речиси 20.000 евра. Сите овие податоци се јавни и беа објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.
Фокус.мк