Фејзи Азири вчера беше уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија
Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм“ кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест и пол години затвор за нелегално оружје, вчера беше е уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен под полициски надзор дознава Алфа ТВ.
Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство ,но неговото апсење се случи месец и пол покасно и тоа откако денеска под притисиок на јавноста излезе информација дека бегалецот ниту некој го барал ниту пак Судот и Управата за санкции знаеле каде е.