Од денеска бензинот поскап за 3,5 денари, а дизелот за 8,5 денари
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 8,50 денари/литар, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 6,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 4,846 денар/килограм и сега изнесува 59,165 ден/кг.
Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)