Крводарителска акција на Рамсторе
По повод 13. роденден на Рамсторе Македонија и во насока на својата визија која има за цел да превземе чувствителни активности кон општествтото, во соработка со Црвен Крст на Р.Македонија и заводот за Трансфузиологија, денес (13 ноевмри) заедно со своите вработени организираа крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај Крв„.
Вредностите врз кои Рамсторе го темели својот успех се квалитет, врна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамсторе, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и сите останати соработници со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.
Би сакал да истакнам дека ние како Рамсторе ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето здравје, а воедно ќе им помогне на болните на кои им е потребна.
Исто така, посебно ни е драго, што токму на овој историски важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ја покажавме нашата хуманост и како компанија и како личности.
Дарувањето на крв за нас, е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да им се заблагодарам најпрвин на тимот на Црвен крст кој најсовесно ја извршува својата работа, на генералниот директор Г-дин Саит Саити и секретарот на Црвен Крст на Град Скопје г-ѓа Сузана Тунева Пауновска, Др.Седула Усеини Директор на Институт за Трансфузиона Медицина за нивната поддршка, а потоа и на сите вработени и соработници кои беа дел од денешната крводаритлена акција и ја покажаа својата хуманост, изјави денес Ајхан Узун-Генерален Директор на Рамсторе Македонија.