(Видео) Украинци пречекани со камења дома, откако беа евакуирани од Кина
Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан, биле пречекани од револтираните мештани кои со камења мавале по автобусите кои се упатиле кон медицинскиот центар во градот Нови Санжариј, во регионот Полтава.
Евакуираните со маски и инхалатори,пристигнале со седум автобуси и биле носени во карантин каде треба да останат 14 дена, но во еден момент биле пречекани од толпа граѓани кои сакале да ги спречат да дојдат во медицинскиот центар.
Според агенциите, избила и тепачка, но веднаш интервенирала полицијата која успеала да ги отстрани демонстрантите.Поради судирот со полицијата, неколкумина се приведени.
Во автобусите кои успеале да стигнат до медицинскиот центар имало 45 украински државјани и 27 странски државјани. Тие биле евакуирани од Кина со авион што слетал на аеродромот во Харков.