Виталиа се приклучува на Nestlé и Danone во борбата со климатските промени
Свесноста за екологијата, климатските промени и градењето на зелена иднина станува една од главните теми на разговор во модерното општество. Со цел да се изгради подобра иднина, се повеќе компании како Nestlé и Danone се вклучуваат во едукацијата за еколошка свест, завземајќи иницијативи во склоп на 17те цели за одржливост дефинирани од Обединетите Нации. Како позитивен пример кај нас е Виталиа, која активно делува кон создавање на позитивна промена во светот во кој живееме.
Виталиа се фокусира на три столбови за создавање на здрава и одржлива заедничка иднина – здрава исхрана, здрава животна средина и општество базирано на знаење. Водејќи се според овие принципи, компанијата постојано инвестира во подобрување и усовршување на еколошко производство, како и зголемување на еколошката свесност на потрошувачите преку континуирана едукација.
Во 2020, Виталиа се вклучува во иницијативата на Обединетите Нации, да ги намали емисиите на стакленички гасови низ целиот свој систем на снабдување, ефективно намалувајќи го придонесот кон глобалното затоплување. Компанијата започна со транзиција кон биоразградлива амбалажа, замена на пластичните ќеси со хартиени, како и воведување на електрични возила во сопствениот возен парк. Исто така компанијата започна со инсталирање на фотоволтаици за соларна енергија-извор на енергија за производствените погони, селекција на отпад и исклучување на пластика за една употреба за потребите на фабриката и вработените.
Научните истражувања велат дека најголемиот индиректен фактор за глобалното затоплување е прехранбената индустрија. Поради тоа, грижата за животната средина на Виталиа не е само на локално ниво; напротив, Виталиа се стреми преку сопствените промени да придонесе во борбата со климатските промени на глобално ниво.
Со ваков чекор целта на Виталиа е да ги инспирира и останатите компании да се вклучат во иницијативата и да придонесат на сличен начин, со иновативни идеи да дојдат до креативни решенија за климатските промени.