Несторовски за коронавирусот: Во Италија владее страв, но очекуваме состојбата да не излезе од контрола
Италија со сите напори се обидува да го спречи ширењето на корона вирусот, откако од вчера бројот на заразени порасна за 50 и таа стана најпогодената европска земја.
Славица Дуљанова
Бројот на заразени од корона вирус во Италија се зголеми на 113, а двајца починаа како поледица од вирусот .Неколку натпревари од италијанското фудбалско првенство се откажани поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата. италијанската Влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија и Венето..
Полицијата ќе ја надгледува ситуацијата , ќе спречува луѓето да влегуваат и излегуваа од градовите кои се наоѓаат под изолација . Ако е потребно ќе помогне и војската. „Суспендирани се сите спортски настани што денеска требаше да се одржат во регионите Ломбардија и Венето“,
Македонскиот фудбалер Илија Несторовски кој игра во првата италијанска лига за клубот Удинезе, вели дека , постои страв од корона вирусот но дека за сега се преземаат мерки
Нашите утакмици не се откажани , но затоа се откажани три утакмици кои требаше да се играат во регионите Ломбардија и Венето . Со семејството сум со жената и со двете деца. Владее мал страв , најмногу за децата оти вирусот ги напаѓа оние со намален имунитет, децата и постарите луѓе. Среќа што децата беа на одмор, не одеа во градинка. Ќе избегнуваме движење меѓу народ.