Наполнете го домот со кислород: 5 најдобри цвеќиња за прочистување на воздухот

Во вашата куќа, без оглед дали е стара или нова, се таложат отрови. Тие се наоѓаат во фарбите, пластиките, теписите, мебелот, растворите за чистење и сл. Но за среќа природата има начин како да го реши тоа. Некои билки по природен пат можат да ги прочистат сите загадувачи во домот. Набавете ги овие пет цвеќиња…

Фикус

73114_profimedia0008771839_630x0

Фикусот е зимзелена билка која потекнува од Индија. Истражувањата покажаа дека фикусот е посебно добар за отстранување на формалдехидот од воздухот.

Бамбусова палма

73113_profimedia0191740112_630x0

Бамбусовата палма е уште една од клучните билки кои го прочистуваат воздухот. Освет тоа, таа ги брка и инсектите. Бамбусовата палма од воздухот го отстранува бензенот, формалдехидот, хлороформот, јагледор-моноксид и ксиленот.

Бршлен

73115_profimedia0147032275_630x0

Бршленот е зимзелена билка ползавец која одлично се прилагодува во внатрешните услови. Лесно се одгледува и не и е потребна голема светлина. Бршленот, освен за прочистување на воздухот, добар е и за отстранување на алергените како што е мувлата и животинскиот измет. Од воздухот ги елиминира јаглен-моноксид, формалдехид и трихлороетилен.

Ѓаволски бршлен

73116_profimedia0011084805_630x0

Ѓаволскиот бршлен може да се насади во декоративна саксија или во висечка корпа. Потребна му е мала светлина, а ако има повеќе светлина, листовите ќе му шаренеат.

Хризантема

73117_profimedia0152405343_630x0

Хризантемата е еден од најдобрите цветови за прочистување на воздухот. Таа технички не е домашно цвеќе но може да трае и во домашни услови до шест недели. Кога ќе се исуши, заменете ја со нова. На хризантемата и е потребна голема светлина, но не директна, како и многу влага. Го прочистува воздухот од формалдехиди, ксилен, бензен и амонијак.

Translate »