Пензиско и здравствено, но и лиценци за работа за пазарџиите
Тезгаџиите на зелените пазари ќе добијат статус на вработени. Ќе им се регулира пензиското и здравтсвено осигурување, а за да продаваат ќе мора да извадат лиценца. Фискализација на пазарите нема да има. Ова се дел од одредбите на новиот закон за трговија на зелените пазари кои минатата недела го поминаа собранискиот филтер.
Од Комората на трговци која ќе ја издава дозволата не откриваат колку ќе ги чини истата, таа допрва ќе се утврдува.
Вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е над 5 милиони евра. Во земјава има повеќе од 20 000 регистрирани тезгаџии. А проценките се дека од дивите продавачи државата губи повеќе од 800 000 евра годишно.