Колку заработила Лидија Вукичевиќ од улогата во серијата “Бољи живот”

Актерката Лидија Вукичевиќ се согласува со своите колеги дека од актерството тешко се живее.

“Порано навистина можеше добро да се заработува  од нашата професија. Од улогата во “Бољи живот” направив куќа на Дунав, си купив автомобил од рекламата…Но, денес од глума не се живее, особено не од театар. Мора да имате дополнителна заработувачка  и се разбира среќа”, вели познатата српска актерка.

“Јас никогаш не сум била во постојан работен однос, ја сакам слободата. Имав среќа да добијам една од главните улоги кај Радош Бајиќ, среќна сум и убаво заработувам”,  објаснува Вукичевиќ.

 

 

Translate »