5 чекори до полесен детокс после новогодишните празници

 

Иако прекрасни и исполнети со многу закуски и напитоци за здравици, новогодишните празници се приближуваат кон самиот крај. Висококалоричните оброци, зголемената количина на алкохолни пијалоци,  зачестените грицки и десерти предизвикуваат  нарушен баланс во секојдневната исхрана. Ако сте подготвени  да ги задржите или да стекнете здрави навики и да го ресетирате телото после цела сезона зголемени оброци, препорачуваме воведување на неколку чекори, со цел враќање кон правилната исхрана:

  1. Одстранете ја нездравата храна од вашиот дом

Храната која не ја гледаме не ја ни јадеме –  е основно правило според кое треба да се водиме. Затоа првиот и основен чекор за детокс после празниците е детално чистење на полиците од масна, нездрава храна, грицки, десерти и газирани напитоци. Освежете ја кујната со свежо овошје, јатки, семиња,целозрнести житарки, суви овошки и зеленчук. Подготвувајте  супи, свежи салати, смути, цедени сокови и варете житарки.

  1. Утринска детоксикација – напијте се една чаша вода со ѓумбир после самото будење

Означете го почетокот на секој ден  со природен напиток,  после самото будење подгответе   200мл вода со 1 цеден лимон и 1 мала лажичка ѓумбир во прав. Овој напиток е првата течност која ќе ги исфрли токсините кои се таложеле во предходниот ден, а во исто време делува освежително и енергетски.

  1. Појадувајте секое утро

Телото има потреба од енергија со која ќе се започне самиот ден, не прескокнувајте го  најбитниот оброк – појадокот. Направете комбинација од една шоља зелен чај со свежа овошка и мала чинија безглутенски снегулки како што се киноата, амарантот, хељдата и просото. На овој начин го рехидратираме организмот, обезбедуваме доволно минерали и витамини, а воедно  внесуваме и диетални влакна кои  се грижат за правилна дигестија.

  1. ДА за физичка активност

Енергијата која ја внесуваме преку храната мора да се потроши за да имаме правилна функција на метаболизмот и да не се предизвика масно таложење во телото. Токму лесната физичка активност на отворено каде внесуваме повеќе кислород, помага за лесно согорување на масните ткива а со тоа да се спречи несаканото таложење на токсини. Практикувајте попладневни прошетки и со себе понесете шише течност во комбинација од зелен чај, лимон, ѓумбир, цимет.

  1. Внесувајте лесна храна на крајот од денот

Дадете знак на своето тело дека е време за одмор и внесете лесна храна. Секој вечерен оброк практикувајте го најмалку  4 часа пред спиење. Комбинирајте свежи салати со додаток од варени жита: киноа, хељда, просо, зачинети со лимонов сок и ладно цедено масло од лен или тикава.Исто така супата е одличен вечерен оброк кој може да се вклучи во менито. Не ја оспорувајте моќта на овесот и внесете го во комбинација со нискомаслен јогурт и една лажица мелени семиња од лен, тиква, сусам и сончоглед. Не заборавајте, вечерата дава информација дека е време за одмор и желудникот мора да биде празен пред спиење, утрото е наменето за високохранливи оброци кои ќе ни дадат енергија за цел ден.

 

Translate »