Време е за промена: Посна, но вкусна празнична храна

Новогодишните и Божиќните празници се период кој вообичаено го поминуваме дома и со најблиските, најчесто покрај трпезата, и уште почесто покрај еден куп традиционална и вкусна, но калорична храна. Овој празничен период обидете се да направите промена. Не се откажувајте од вкусната храна, но придржувајте се кон здравите навики со иновативните производи на Виталиа.
Овие празници нека бидат во знакот на промената, а тоа може да започне токму истражувањето на нови вкусови и креирањето на здрави прехранбени навики.
Постои начин да го замените месото на трпезата, без да го жртвувате вкусот и без да го менувате вашиот омилен празничен рецепт. Веганските смеси на Виталиа ви нудат здрава алтернатива за месо, со автентичен вкус и доволно количество протеин за вашите дневни потреби. Смесите се на база на растителен протеин, добиен од грашок и зеленчуци, кој е збогатен со витамин Б12 и тие претставуваат идеална нутритивна замена за месо која е дури и поздрава за вас.
Кога за време на празниците ќе ви се пријаде вкусен домашен хамбургер, сакате да направите рецепт со пилешко или пак имате желба тестенините да ги збогатите со неодоливи, зачинети ќофтиња – тогаш решението побарајте го во веганските смеси. Тие доаѓаат во три вкуса: телешко месо, пилешко месо и со вкус на зеленчук и семиња, кои ќе ви дадат на располагање повеќе опции за вкусен, домашно подготвен празничен ручек. Тие се посни и не содржат глутен, ниту соја, што значи дека во нив ќе уживате без грижа на совест.
Нивната подготовка не би можела да биде полесна. Во длабок сад истурете ја содржината од ќесата (180g), додадете 300ml топла вода и масло по желба. Добро измешајте и оставете ја смесата да отстои 10 минути. Формирајте плескавици, топчиња, шницли или трошки по ваша желба, а потоа пригответе ги во тава со загреано масло (3-4 минути) или печете во рерна околу 15 минути на 200°С. На тој начин, ќе имате здрав и вкусен ручек секогаш кога ќе посакате!



За време на празниците, кога сите ние сме претежно дома и пред трпезата – добро е да воспоставиме малку поздрав, поодговорен начин на исхрана кој ќе ни даде добра подлога за формирање на здрави прехранбени навики во новата година. Виталиа ви посакува многу здравје во пресрет на празниците!
Дознајте повеќе на:

Дома

Translate »