Јуркиќ испиша историја и стана прв играч во НБА со 5х5! (ВИДЕО)
Утрово натпреварите од НБА беа во знакот на двајца играчи од Балканот, Јокиќ со нов трипл-дабл донесе победа за Денвер, а Јуркиќ испиша историја и стана првиот играч во НБА со 5х5.
Денвер ја продолжи победничката серија на домашен терен, и го совлада Њујорк со 115-108. Прв играч на „Нагетс“ беше Никола Јокиќ. кој стигна до својот трет трипл-дабл оваа сезона.
Србинот натпреварот го заврши со 19 поени, 14 скокови, 15 асистенции и три блокади. Последен играч кој забележал ваков учинок е Лери Брд.
Партија за паметење имаше уште еден центар од Балканот, Јусуф Нуркиќ. Босанецот стана првиот играч во НБА со 5х5. Мечот против Сакраменто, кој Портланд го доби со 108-113 по продолжиенија, тој го заврши со 24 поени, 23 скокови, 7 асистенции, 5 блокади и 5 пресечени топки.
Извонреден натпревар имаше и Кави Ленард, кој постигна за него рекордни 45 поени во победата на Торонто од 122-116 над Јута.
НБА резултати:
Торонто – Јута 122:116
Милвоки – Детроит 121:98
Денвер – Њујорк 115:108
Сакраменто – Портланд 108:113
ЛА Клиперс – Филаделфија 113:119