Кои се најздравите луѓе на светот? Многумина ги сметаат за заостанати и примитивни, а ова е клучно за нивното здравје и долг живот!

Неодамешната студија објавена во списанието “Cancer Causes and Control” открива дека помеѓу Амишите речиси и да нема случаи на рак и дека тие се најздравите луѓе во Америка.

Експертите од универзитетот во Охајо покренале студија за Амишите за да откријат дали нивниот начин на живот влијае на зголемување на ризикот од рак. Меѓутоа, она што тие го откриле ги изненадило. 

Откриено е дека Амишите имаат значително помали шанси да заболат од рак во однос на остатокот од населението, па затоа експертите одлучиле малку подобро да го истражат нивниот начин на живот и исхрана.

Многу Амиши не пушат цигари, не консумираат алкохол и воглавно не се промискуитетни, што доведува до заклучокот дека ваквиот начин на живот има навистина важна улога во здравјето, што секако не е новост. Помеѓу останатите фактори е и количината на физичката работа – голем број Амиши се занимаваат со земјоделство, градежништво и други работи кои бараат голема физичка активност.

Додека остатокот од Америка, но и остатокот од светот поминуваат голем дел од денот пред малите екрани, Амишите вредно работат, сами го изработуваат својот мебел, градат домови и масовно се занимаваат со производство на разни добра.

Уште еден важен фактор е и фактот дека Амишите сами ја одгледуваат својата храна. Тие користат органски методи со кои добиваат здраво овошје и зеленчук, здраво млеко, месо и необработена храна која е реткост на денешниот пазар.

Иако многумина го исмеваат нивниот начин на живот и ги сметаат за заостанати и примитивни, посветеноста на Амишите кон “простиот” живот со чистата локална храна е токму клучот за нивното добро здравје и долговечност.

Translate »