Германски виролог предупредува: „Престанете да се вакцинирате на секои 3 месеци“
Во Германија, лицата постари од 60 години имаат можност по 4-ти пат да се вакцинираат против коронавирусот. Но, вирологот од Есен, Улф Дитмер, предупредува дека пречестата вакцинација би можела да го промени имунолошкиот систем.
Вирологот Дитмер ги советува луѓето да не се вакцинираат на секои 3 месеци за да ги избегнат барањата за носење маска или тест според новиот Закон за заштита од инфекции во оваа земја.
„Ако толку често ја повторувате вакцинацијата, може да дојде до промени во имунолошкиот систем“, предупреди вирологот во интервју за „Kölnische Rundschau“.
Тоа го покажале и првите податоци.
„Мислам дека има смисла да се продолжи вакцинацијата за следната зима, но не на секои 3 месеци“, вели Дитмер.
За понатамошни вакцини против коронавирус, тој им препорачува на пациентите да почекаат додека не бидат достапни вакцините на „BioNTech“ и „Moderna“ кои се приспособени на варијантата омикрон.
„Тоа се двовалентни вакцини, тие ја содржат старата вакцина и адаптираната варијанта и предизвикуваат широк имунолошки одговор на сите претходни варијанти. Затоа, јас би почекал до септември или октомври за тие вакцини да се најдат на пазарот и потоа би се вакцинирал за зимската сезона“, порача вирологот.