Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти го води здравствениот систем во Македонија?
Овојпат ќе ви го претставиме министерот Венко Филипче од друг агол. Тоа што можеби не сте го знаеле за него, кој е човекот кој што го води здравствениот систем во Македонија, во најтешките моменти во историјата на македонскиот народ?
Д-р Венко Филипче потекнува од стара охридска, револуционерна фамилија. Малкумина знаат дека неговиот прадедо, Иракли Филипче бил најбогатиот човек и хуманист во историјата на градот Охрид.
Тој воедно бил и чувар на охридските скапоцености во една од седумте регии во стариот дел на Охрид – Пандонос.
Се истакнал преку својот хуманизам, помагал и вдомувал сираци и стари лица во стариот дел на Охрид.
Венко Филипче е син на познатиот доктор и Академик Илија Филипче кој што е роден на 28-ми јули 1946-та година во Варош.
Едно е сигурно, дека Венко својата љубов кон медицината ја стекнал од родителите затоа што и неговата мајка е познат доктор – Мими Филипче.
Дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001-та година, а во 2008-та година ја завршил специјализацијата по неврохирургија.
Магистерските по неврохирургија ги одбранил во 2011-та година, а докторската дисертација во 2015-та година.
Венко Филипче свои научни публикации има објавено во многу домашни, но и странски списанија во областа на неврохирургијата.
Тој е секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа.
Извор: „Ohridsky“.