Ad Age: Публицис е најдобрата маркетинг холдинг компанија во светот
Публицис Групацијата ја доби привилегијата да биде прогласена за Холдинг компанија на 2022 на традиционалните годишни награди A-List and Creativity на AdAge. Минатогодишните деловни успеси на глобално ниво, органскиот раст, придобивките од некогаш потценетата платформа „Power of One“, аквизицијата од 4,4 милијарди долари на Epsilon, моделот за развој на таленти, Marcel, влијаеја Ad Age оваа година да воведе ново признание и да го избере Publicis Groupe за најдобра холдинг компанија за 2022.
Наградите A-List and Creativity на AdAge ги препознаваат „лидерите на иднината, врвните агенции и креативните иноватори“ кои се во непрекината потрага по „револуционерна креативност, храбро лидерство и кои сакаат да ја насочат индустријата во нови насоки“.
Ова големо признание го надополнуваат и дополнителните награди на неколку агенции на Публицис Групацијата во рамките на A-List and Creativity на AdAge: Spark Foundry-за медиска агенција на годината, Digitas – Data & Insight Агенција на годината; BBH and The Community– за исклучителна агенција, додека Амани Данкан, CEO на BBH – извршен директор на годината.
„Во текот на минатите пет години направивме некои големи облози во Публицис, како развојот на Publicis Sapient, аквизицијата на Epsilon и создавањето на Marcel, платформа која спаси илјадници работи за време на ковид кризата и денеска е централна точка во нашите напори да се поддржат, заштитат и реалоцираат нашите тимови во Украина. Не беше секогаш лесно, но ништо што вреди не е лесно. Би сакал да им се заблагодарам на нашите луѓе за нивната неверојатна посветеност во патувањето кое нè донесе тука, како и на нашите клиенти за нивната безусловна поддршка“ изјави Артур Садун, Извршен директор на Публицис Групацијата.
Користејќи иновативни алатки, француската холдинг компанија Publicis Groupeзаработи 5 милијарди нето приходи од нови бизниси, меѓу кои: 2,4 милијарди вредниот медиски бизнис за автомобилската корпорација Stellantis, McDonald’s, Walmart (600 милиони USD) и Meta (една милијарда USD), остварувајќи 10% органски раст. На патот до врвот, Публицис Групацијата ги престигна Eli Lilly, Planet Fitness, TikTok и L’Oreal China.
Успехот на Publicis Groupeсе базира на силната посветеност за изнаоѓање на решенија за бизнис трансформација на работата на клиентите, која базира на податоци и информации.
„Последните 5 години имавме вистинско патување, кое резултираше со динамичен раст.Моделот Power of One и интегрираните пичови станаа пракса во индустријата, иако кога ја почнавме оваа трансформација во 2015 година сите мислеа дека сме луди. А нашето обложување на Marcel, не морам да ве потсетувам колку контроверзно беше тоа. Marcel, во моментов, има повеќе хуманитарна улога од едноставното поврзување на тимовите со клиентите. Откако изби војната во Украина, вработените на Публицис го користат Marcel како платформа за поврзување со луѓето во неговата мрежа. За да им понудат помош на Украинците кои работат во агенциите на Публицис и да ги понудат своите домови за засолништво на бегалците. Артур Садун, главниот оперативен директор на Публицис, исто така гарантираше дека платите на вработените во агенциите на Публицис во Украина ќе бидат нечепнати и ќе продолжат да се даваат непречено до крај на годината. Компанијата, иако имаше кратење на платите на почетокот на пандемијата, на повеќе од 35.000 вработени кои се вработени во Публицис подолго од 24 месеци им додели бонуси за 2021, во износ од дополнителна неделна плата“, изјави Карла Серано, главен менаџер за стратегија во Публицис Групацијата.
„Ставаме насмевка на лицата на нашите луѓе на крајот на годината и така демонстрираме дека работиме во креативна компанија. Нашиот најголем предизвик е совладување на умешноста да ги задржиме, привлечеме и мотивираме најголемите таленти, креативци, аналитичари и умови кои го владеат светот на информацијата. Ова, само по себе, е наш приоритет за годините кои следуваат“ вели Артур Садун.
Овогодишното видео ја промовираше иновативната програма на компанијата наречена „Work your World“, која им овозможува на вработените да работат било каде во светот на период долг до шест недели.
За Публицис Групацијата – The Power of One
Publicis Groupeе глобален лидер во полето на комуникациите. Групацијата е позиционирана на секој чекор од синџирот на вредности, од консалтинг до егзекуција, комбинирајќи ја маркетинг трансформацијата и дигиталниот бизнис. Публицис Групацијата е привилегиран партнер во трансформацијата на своите клиенти за да се подобри и зголеми нивото на персонализација. Групацијата се потпира на десет експертизи концентрирани во четири клучни активности: Комуникација, Медиуми, Податоци и Технологија. Преку унифицирана и флуидна организација, клиентите на Публицис имаат пристап до целосната експертиза на сите пазари. Присутни во повеќе од 100 земји, Публицис Груп вработува преку 87.000 луѓе.