Има 24 години и пола милијарда долари

loading...

Форбс неодамна објави листа на најголеми крипто-богаташи, а најмладиот на листата е 24-годишниот Виталик Бутерин. Тој на 19 години го основа алтернативниот  биткоин-етереум, чија нето вредност  денес се проценува на 400-500 милиони долари.

Бутерин стана голема ѕвезда во светот на криптите и пред да почне да пишува за него  Форбс, а на Твитер го  следат  повеќе од 680 илјади луѓе. Медиумите го нарекуваат  “младиот гениј”,  кој стои зад втората најпопуларна криптовалута на светот”.

Роден е во Москва во 1994 година, а кога имал само шест години, се преселил со своето семејство во Канада, каде продолжил да се школува.

Заедно со татко му

Раскажува дека од 2007 до 2010 година по цели денови играл   World of Warcraft, но тогаш вели дека Blizzard ја сменил неговата омилена магија, па “заспал,  плачејки  и наскоро одлучил да се откаже од играта”.

Во 2011 година, во “потрага по смислата на животот”, како што духовито напишал на  својата веб-страница, тој го открли биткоинот, кој веднаш го заинтригирал. Во 2012 година, тој освоил  бронзен медал на Меѓународната олимпијада по информатика, а математиката  секогаш му одела супер.

Прво научил за криптовалутите  од неговиот татко, но потоа почнал сам да истражува и  брзо станал експерт.

Во 2012 година се запишал на факултет, но сфатил дека неговите криптовалути му одземаат премногу време, па затоа го оставил факултетот и почнал да патува низ  светот, користејќи ја секоја можност да разговара со експерти за криптовалути.

Откако се вратил во Торонто, почнал да го  развива “етереумот”, а остатокот, како што вели, е  историја.

Пазарната капитализација на етереумот на Бутерин  денес е 100 милијарди американски долари, а младиот гениј соработува со Микрософт, БП и ЈП Морган.

Translate »