Што да јадете навечер, а да не се здебелитe!

Сирење

Кога се препорачува да се јаде сирење навечер, се мисли на парче сирење, не килограм. Сирењето е богато со протеини, па нема да почувствувате глад  до наредниот ден. Препорака е да јадете сирење со низок процент на маснотии.

Банана

Во однос на тоа дека бананите се висококалорични, тие содржат многу магнезиум, што ги прави одлична храна за опуштање. Бананата е богата и со мелатонин, кој, според некои истражувања, не прави поспани.

Пуканки

Иако звучи изненадувачки, сепак пуканките се на листата на храната која е дозволена да се јаде навечер. Притоа, заборавете на пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се полни со масти.

Јогурт

Научниците докажаа дека јогуртот е одлична замена за вечерната ужина. Полн е со протеини, не содржи многу масти и има многу малку шеќери. Додајте некое овошје со него за да добиете нешто повкусен оброк.

Јајца

Јајцата се добри за вечерна ужина. Едно јајце содржи само 75 калории, а содржи и многу протеини кои ќе ви бидат од корист.

Зеленчук

Зеленчукот е најдобар избор, бидејќи поголемиот дел од овошјето има високо ниво на гликемиски индекс. Подгответе целер или морков, а можете и да си направите салата од зеленчук по ваш избор.

Translate »