Гранд кафе ги наградува верните потрошувачи

Пријателство, гостопримство и љубов е формулата за сигурна добивка со Гранд Кафе

 

Времето поминато со најблиските е највредно за нас, бидејќи тоа време е исполнето со чувства што почиваат на вистински вредности. Пријателство, гостопримство и љубов, вредности насликани на нови пакувања на Гранд Голд кафе, за создавање на искрена блискост со оние без кои не можеме да си го замислиме денот. Кафето и саканите.

Остануваат уште 40 дена од Програмата за лојалност на Гранд кафе, под мотото “Ти гледам сигурна добивка“. Љубителите на Гранд кафе Голд имаат можност за сигурна добивка на вредни подароци – висококвалитетни метални садови за приготвување на храна и кафе од еден од најдобрите произведувачи на садови во Европа – Металац од Србија.

Кога зборуваме за сигурна добивка, тоа значи дека во овој случај не се работи за наградна игра – нема фактор на среќа, нема извлекувања и добитници. Се работи за едноставен систем на бодување каде секој што ќе собере доволно бодови добива сигурен подарок и тоа бесплатно и без никакви дополнителни трошоци.

Како функционира?

Потрошувачите низ цела Македонија, од 25.04. до 10.08.2018 година треба да ги внесат кодовите од промотивни пакувања на Гранд кафе Голд на веб страната www.grandkafa.mk и сите оние кои ќе соберат доволно бодови можат да ги разменат за посакуваниот подарок.

Промотивните пакувања имаат посебна шара, односно 3 различни дизајни кои симболизираат Пријателство, Гостопримство и Љубов, а изгледаат како на сликата во продолжение.

Секое промотивно пакување на Гранд кафе Голд има уникатен алфанумерички код во пакетот. Кодовите од пакетот треба да се внесуваат на веб-сајтот www.grandkafa.mk (од компјутер или мобилен телефон) или преку СМС, по пат на СМС порака –– по отварање на корисничка сметка учесникот испраќа СМС порака со текст ГРАНД (празно место) единствениот код од пакувањето на кратокиот број 142 241. Цената на порака за сите оператори е 5,00 денари без ДДВ (односно 5,90 денари со пресметан ДДВ).

За секои 100 грама добивате 1 бод, за секои 200 грама добивате 2 бодови, а за секои 500 грама Гранд кафе Голд добивате 5 бодови. Бодовите се важат единствено ако ги внесете на вашата корисничка сметка на веб-сајтот.

Со внесувањето на единствените кодови, системот ви пресметува колку бодови сте собрале.

Кога учесникот ќе собере доволно бодови, потребно е да го одбере посакуваниот подарок на веб-страницата www.grandkafa.mk , кој ќе му биде испорачан на домашната адреса. За 15 бодови добивате ѓезве, за 30 бодови тенџере со рачка, за 40 тепсија, а за 50 бодови големо тенџере Металац со капак.

Трајните садови во кујната во кои се подготвува храна и кафе за пријатели и саканите го симболизираат гостопримеството, пријателството и љубовта.

Затоа, собирајте бодови и уживајте во вашето омилено кафе со добро познат мирис и вкус на кафе Гранд Голд што и оваа година ја наградува вашата доверба.

 

Translate »