Македонките се жени со стил – Лилиана Христова

Со Лилиана Христова професионална фризерка и сoпственик на Есклузивниот фризерски салон “Лилиана Лореал”

 

Колку македонските жени се негуваат?

Македонските дефинитивно се жени со стил, кои обрнуваат внимание на својот изглед. Ја негуваат косата, ги следат трендовите, сакаат да пробаат нешто различно, храбри се, што секако се забележува во нашиот град. Тие пленат со својата убавина и самодоверба.

 

Што е пресудно еден клиент да се определи за конкретен фризер?

Би рекла, повеќе фактори. Колку една фризерка е вешта  и креативна, колку има искуство, од начинот на кој комуницира со муштериите, од тоа како самата изгледа, од тоа како изгледа салонот каде работи, и пред се од почитта кон секој клиент. И секако зависи од козметичките производи кои ги користиме. Ние соработуваме со словенечката професионална козметика „RED CAT“ која нуди палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса создадени од професионални и долгогодишни фризери, а базирани на нивните искуства со клиентите. А користиме и професионални третмани за нега на коса од брендот IMEL. Во моментов како хит би го издвоила Imel Hyaluronic третманот за нега на сува и оштетена коса.

Што е она што посебно привлекува во вашиот салон за убавина?

„ФС Лилиана Лореал“ се наоѓа во ГТЦ на први спрат во срцето на Скопје и го карактеризира пријатна домашна атмосфера која се чувствува уште со влегувањето. На односот со клиентите посветуваме посебно внимание, што е причина да имаме долгогодишни клиенти, а тука да доаѓаат жени од различни делови на Скопје. Со нашите клиенти разговараме, разменуваме искуства, ги слушаме нивните сугестии и секогаш настојуваме да ги задоволиме нивните потреби. Она што е најважно е дека одтука луѓето излегуваат насмеани, среќни и секако убави.

Која е тајната на добрата фризура?

Универзална формула, не постои. Зависи од косата на клиентот, од тоа колку е квалитетна косата, како е негувата, од тоа каква козметика се користи. Се трудам фризурата да биде прилагодена според формата на главата, тенот на лицето, и желбата на клиентот.

Што би препорачале на сите жени!

Пред се да се грижат за себе. Да најдат време за фризер, бидејќи тоа е директно поврзано со нивната самодоверба. И секако да пробаат нешто ново.

 

Translate »