Паѓаат Азиските берзи по крахот на Волстрит
На азиските берзи, и тоа најмногу во Кина, денес акциите паднаа поради новиот крах на Волстрит.
MSCI индексот на азиски-пацифичките акции, без јапонските, во околу 7:30 часот бил во минус 2,3 проценти, што е најголемо дно во последните два месеци. MSCI индексот кон крајот на јануари кршел најголеми рекорди во историјата, а утрово паднал шести ден по ред. Кога ќе се повлече црта, оваа недела изгубил околу 7,7 проценти.