“Ќе помогнеме да се заштити македонското културно и државно наследство”-Стојче Тасков, сопственик на ИНБОХ
“Нашата мисија е идентична, наша одговорност е да подадеме рака и понудиме помош и поддршка за заштита на македонското културно и државно наследство“.
Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија“ а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат. Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува. Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување.
Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал.
Изјава од Сопственикот на ИНБОХ, Г-динот Стојче Тасков