АКО НЕ ПРЕЗЕМЕТЕ НЕШТО НИЕ МОРАМЕ – Средношколците го кренаа својот глас (ФОТО+ВИДЕО)

Средношколците го кренаа својот глас против загадениот воздух. Имено, денес средношколците од повеќе средни училишта собраа со цел да се приклучат на најавениот протест против загадениот воздух.

Иако беа цел на закани од директорите и професорите во нивните училишта, сепак на крајот победи гласот на младите. И покрај заканите голем дел од средношколците сепак се појавија на протест и им се придружија и соученици од неколку други скопски средни училишта.

Младите порачаа дека повеќе не се издржува.

„Ако не преземете нешто, ние мораме“

„Тие се богатат, а ние се труеме“, порачаа средношколците.

Translate »