Граѓаните ќе треба да ја сликаат фискалната сметка и да ја прикачат на апликација за да добијат поврат на ДДВ
Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и ќе стартува во јули, а за да го остварат ова право граѓаните само ќе треба да ја сликаат фискалната сметка и да ја прикачат на посебна апликација.
Оваа информација ја соопшти премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Куманово и рече дека на овој начин ќе се борат против даночната евазија, која се проценува на 300 милиони евра годишно.