Никол Кидман открива како ја негува својата кожа – се колне во една крема
Воопшто не нè чуди што 53-годишната Никол Кидман сериозно се грижи за својата кожа, имајќи го предвид нејзиниот речиси беспрекорен тен.
Кидман, ѕвезда на филмовите “Moulen Rouge” и “The Hours” не е позната само по талентот и прекрасните модни изданија на црвениот тепих, туку и по својот изглед кој интригира многумина. Затоа денеска ви ги претставуваме нејзините совети за нега на кожата.
Актерката со фановите на Инстаграм споделила неколку совети за блескава и здрава кожа.
Зема витамини
Нема сомнеж дека негата на кожата започнува одвнатре, а тоа очигледно добро ѝ е познато и на Никол.
“Навистина верувам дека земањето на витамини и здравјето на внатрешните органи влијае на кожата. Моите нокти се веројатно најлошиот дел на мене – секогаш се кршат, така што користам витамини за кожа, коса и нокти што навистина ги зацврстува”, изјавила Кидман за “Allure”.
Никогаш не си легнува со шминка на лицето
Никол Кидман верува дека е многу важно да се чисти лицето пред спиење. Таа вели дека марамчињата за чистење на шминка ѝ се најдобра помош, бидејќи со нив сè е полесно.
Таа зборувала за својата навика и за “Harper’s Bazaar”:
“Професионалците ме научија да ја вадам шминката секоја вечер. Меѓутоа, ако работам по цел ден и се чувствувам уморно, користам марамчиња за чистење за брзо и лесно да го направам тоа. Тие се одлични и кога патувате”.
Ги бојадисува своите трепки и веѓи
“Не носам шминка кога не работам, така што ги бојадисувам своите трепки и веѓи. Тоа е генијален трик за девојките со светла боја на коса, кои сакаат да изгледаат како веќе да се нашминкани”, вели актерката.
Се колне во една крема за лице
Eucerin Aquaphor заштитниот мевлем за оштетена кожа обезбедува нега која ја забрзува регенерацијата на кожата. “Не чини многу, а е прекрасна за нега на сувата кожа, каква што имам јас” вели актерката Никол Кидман. ”Го нанесувам на лицето и е многу, многу добро.
Овој производ образува полуоклузивна заштитна бариера на површината на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата. Глицеринотво формулата е ефикасен навлажнувач, којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека мевлемот го забрзува оздравувањето на повредената кожа.