ПОЛИЦИЈАТА ВО ЛОНДОН РАСТУРИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ МЕРКИТЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ (ВИДЕО)
Полицијата во Лондон растури мал протест против мерките изречени поради коронавирусот и уапси повеќе луѓе и изрече казни, јавуваат британските медиуми.
Полицијата растури група од околу 50 луѓе кои се собраа во близина на палатата Вестминстер.
Некои демонстранти протестираа против мерките воведени заради коронавирусот, додека други протестираа и против мрежата 5G.
Полицијата соопшти дека полицајците реагирале откако демонстрантите во близина на мостот Вестминстер ги прекршиле наметнатите правила заради коронавирусот.

